Направил милијарди, но нема кому да ги остави: Еве кој ќе го наследи богатството на сопственикот на познатиот моден бренд

145

Николас Пуш, внук на основачот на „Хермес“, нема наследници и наводно планира своето богатство да го остави на својот поранешен градинар.

Николас Пуш, внук на основачот на компанијата „Хермес“, нема деца, сам е, но има богатство проценето на 9 до 10 милијарди швајцарски франци, пишува „Еуроњуз“.

Со оглед на тоа дека има 80 години, главниот акционер на „Хермес“ планира своето  богатство да му го остави на поранешниот градинар.

Се верува дека поседува меѓу 5 и 6 отсто од луксузниот француски бренд за кожа Хермес. Тој сака да го остави своето богатство на поранешен градинар и мајстор (51) од скромно мароканско семејство.

Неговото богатство се проценува на 9 до 10 милијарди швајцарски франци или меѓу 9,4 и 10,4 милијарди евра. Пуш, кој живее  Швајцарија, наводно веќе презел чекори за прераспределба на своето богатство и ангажирал адвокати кои ќе му помогнат во процесот.