
Од следната недела ќе следува дополнително намалување на цената на брашното од нашите производители. Оваа информација ја обелодени министерот Крешник Бектеши на социјалната мрежа ФБ.
„Денеска бев информиран дека од наредна недела ќе следи дополнително НАМАЛУВАЊЕ на цената на БРАШНО, од нашите производители!
Нашата држава има општествено одговорни компании“; стои во објавата на министерот Бектеши.
Владата изминатиот период донесе три последователни одлуки со кои ги замразна цените на белиот и полубелиот леб, тестенините, млекото и млечните производи, а последната одлука неделава се однесуваше на замрзнување на цените на јајцата од кокошка и оризот.
Најавувајќи го замрзнувањето на цените на јацата и оризот на прес-конференција, Бектеши рече дека кај брашното и кај шеќерот има тренд на намалување на цените и поради тоа засега нема да се носат мерки за овие производи.
Фото: Pixabay











