Народна банка предупредува:Измами преку СМС пораки од лажни извори – Не отворајте!

Народната банка предупредува дека непознати лица преку СМС пораки од лажни извори се обидуваат да ги измамат граѓаните со цел да дојдат до нивните лични податоци и податоци од платежни картички коишто потоа можат да бидат злоупотребени.
Ја известуваме јавноста и апелираме до граѓаните, да не откриваат лични податоци, ниту пак да преземаат активности согласно со барањата од непознатите лица. Доколку имате добиено или ако во натамошниот период добиете СМС порака, телефонски повик или е-маил од сомнителни адреси или телефонски броеви, во коишто Ви се нуди нешто што не делува реално и вистинито, или од Вас се бара откривање лични податоци, не започнувајте комуникација при што ќе дадете Ваши лични податоци или ќе одговорите на барање за трансакција/уплата на Ваши средства на некоја банкарска сметка“, стои во објавата на Фејсбук на Народната банка.