НАСА: Русија контролира над 20 отсто од земјоделското земјиште во Украина

78

Русија контролира 22 отсто од земјоделското земјиште во Украина, а војната ја загрозува жетвата оваа година, што може дополнително да ја влоши светската криза со храна, според истражувачите на НАСА.

„Светската житница е во војна и сега сме на почеток на криза со храна која најверојатно ќе ги погоди сите земји и сите луѓе во светот на еден или друг начин“, рече Инбал Бекер-Решеф, директорка на американската вселенска агенција.

Сателитските снимки направени на 13 јуни од мисијата Сентинел-2 на Европската вселенска агенција и анализирани од Програмата покажуваат дека 22 отсто од земјоделското земјиште на истокот и југот на Украина е во руски раце, пренесува АФП.

Според американското Министерство за земјоделство, пред почетокот на руската офанзива на 24 февруари, Украина обезбедувала 46 отсто од потребите за сончогледово масло во светот, девет отсто од потребите за пченица, 17 отсто од потребите за јачмен и 12 отсто од потребите за пченка.

Поморска блокада

Периодот од јули до октомври е особено важен за украинските земјоделци кои берат зимски житни култури, како и оние што се сеат во пролет. Зимските жита кои ќе се собираат следната година мора да се посеат до ноември.

Но, селаните веќе не знаат како да постапат во околностите на наглото поскапување на горивото и вештачкото ѓубриво и можното бомбардирање на нивите.

Според проценката на главното здружение на украински производители и извозници, родот на пченицата би можел да биде помал за 40 отсто, а родот на пченката за 30 отсто.

Покрај тоа, Украина е изложена на руската поморска блокада и не може да извезува жито по море, предупредува Сергеј Скакун, истражувач во НАСА и Универзитетот во Мериленд.

Поради затворањето на Азовското Море и блокадата на украинските пристаништа на Црното Море, пазарите останаа без повеќе од 25 милиони тони жито, што го стимулира поскапувањето и се заканува глад за милиони луѓе во светот, пренесува Банкар.ме.