NASA Space Apps Challenge по петти пат во Македонија

29

opencallparticipants_0

Светскиот натпревар NASA Space Apps Challenge ќе се одржи по петти пат во Македонија, во партнерство со Амбасадата на САД во Република Македонија и телекомуникацискиот оператор Вип, а под Покровителство на Претседателот на Република Македонија Н.Е. Г- дин Ѓорге Иванов. Настанот ќе се одржи од 28 до 30 април во Скопје, во организација на ЊуМенс Бизнис Акцелераторот и Голдилокс Стејт Фондацијата.

Огромна потврда за досегашниот успех и квалитет на решенијата креирани од тимовите од Македонија и на организацискиот тим на ЊуМенс Бизнис Акцелераторот кој стои зад овој натпревар од почетокот е што оваа година победничкот тим од Македонија директно ќе патува во Kennedy Space Центарот на NASA и ќе има можност да проследи полетување на вселенско летало, но и да го презентира своето решение пред претставници на NASA и комерцијалната вселенска индустрија. Авионските карти за членовите на победничкиот тим се обезедени од традиционалниот партнер на овој Натпревар во Македонија – Амбасадата на САД.

За наградата од Македонија ќе се натпреваруваат 170 млади програмери, инженери, дизајнери, истражувачи, иноватори и претприемачи кои заеднички ќе работат на креирање решенија за проблемите со кои се соочува Земјата и Вселената, со поддршка и совети од експерти од компаниите поддржувачи на овој настан.

На светско ниво станува збор за најмасовниот интернационален хакатон во светот што се случува истовремено на шест континенти, во 170 градови, со над 15.000 учесници и е под директно водство на NASA, која за време на хакатонот ќе им стави на располагање на учесниците отворени податоци од своите истражувања, како и свој тим на експерти со кои учесниците ќе можат да комуницираат за време на натпреварот.

Свеченото отворање е закажано за 28 април во Агенцијата за електронски комуникации, а натпреварот ќе се одржи во ЊуМенс БА на 29 и 30 април. Предизвиците можат да се погледнат на: https://2017.spaceappschallenge.org/challenges/, а пријавувањето може да се направи на: http://bit.ly/spaceappsmk2017.

ЊуМенс БА истовремено го организира овој настан и во Силиконската долина која е прогласена од NASA за една од двете главни сцени на светско ниво поради што учесниците од Македонија ќе можат да соработуваат и со тимовите и експертите од NASA и индустријата и од оваа локација.