
Американската вселенска агенција НАСА објави дека ѝ доделила на компанијата SpaceX дополнителни 946 милиони долари (околу 807 милиони евра) за три нови мисии со астронаути на Меѓународната вселенска станица (ISS).
Оваа соработка е продолжена до 2030 година, објави Ројтерс.
Со новиот договор, вкупниот број на летови на астронаути што ги договори НАСА со SpaceX се зголеми на 17, додека вкупната вредност на договорот достигна 5,92 милијарди долари (околу 5,05 милијарди евра).











