НАТО лансира фонд од 1,1 милијарда долари за европски стартапи.
Новиот фонд на НАТО, вреден 1,1 милијарда долари, е наменет за инвестиции во европски стартап компании кои развиваат технологија и апликации со можни воени или одбранбени цели и ќе биде со седиште во Холандија. Холандското Министерство за економија објави дека фондот официјално ќе биде пуштен во употреба за време на годишниот самит на НАТО во јули, пренесува Ројтерс.
„Очекуваме дека лансирањето на овој фонд во Холандија ќе им олесни на иновативните холандски стартапи да го пронајдат својот пат до капиталот преку стимулирање решенија и за социјалните и за воените проблеми“, се вели во соопштението.
Најавувајќи го лансирањето на овој фонд минатата година, Алијансата најави дека меѓународниот фонд треба „да ги обедини владите, приватниот сектор и академската заедница, со цел да се зајакне технолошката предност на НАТО“.
Фото: Facebook-NATO