Научете како да преговарате

28

dogovor

Фото: Pixabay

Повеќето од нас се плашат да бараат повеќе и подобро. Повеќе пари. Подобри работни услови. Поголем работен тим. Поголема плата.

Најчесто жените се научени да се жртвуваат и да бидат несебични. Некои, можеби ќе побараат подобро или повеќе, но потоа ќе се сопрат не знаејќи што вистински сакаат или колку всушност вреди нивната личност.

Без разлика кои се причините за тоа, вие губите многу повеќе од пари, бидејќи ги ставате вашите долгорочни можности и потенцијалната заработка во прашање.

Доколку запрете пред да преговарате за вашата пазарна вредност, прочитајте ги овие 5 работи кои повеќето од луѓето не ги знаат за преговарањето. Тие ќе ви го променат ставот и мислењето за преговарањето и ќе ви помогнат да го определите вистинското време кога да го сторите тоа.

1. Преговорите не започнуваат, се додека некој не каже “НЕ“

Луѓето најчесто се плашат од одбивање. Меѓутоа, ниту едни преговори не започнале, ако двете страни го сакаат истото. Поентата на преговорите е да се постигне договор со некој кој не го дели вашето мислење. Доколку не побарате повеќе или подобро, ќе останете во истата позиција во која се наоѓате.

2. Вашиот преговарачки партнер ќе биде посреќен доколку направите отстапки

Доколку побарате зголемување на платата за 5% и вашиот претпоставен ви го одобри без да размислува, тогаш вие ќе се каете зошто не сте побарале 7%. Затоа е важно да побарате повеќе одошто сакате. Следната причина е да се зголеми влијанието на првата понуда. Доколку сте ги истражиле потребите на вашиот преговарач и сте ја одредиле вашата пазарна цена, не треба да се плашите и да ја дадете првата понуда. Да го чекате другиот прв да даде понуда, е одлика на аматерите во преговарањето. Кажете прв и целете високо, и ќе играте во првата лига.

3. Никогаш не се работи за парите

Често размислуваме за парите, меѓутоа нивната материјална форма не го содржи нашиот живот.  Кешот, кредитните картички и другите парични трансфери, како такви не можат да се конзумираат. Берзанските трансакции нема да не стоплат во зима, ниту да ја осветлат ноќта.

Затоа, пред да преговарате било каков договор,  погледнете ја вредноста на парите на пазарот. Дали целите кон поголем статус во општеството? Едукација за вашите деца? Сигурност во одминати години? Потоа треба да го запрашате вашиот преговарачки партнер кои се неговите вредности, потреби и желби. Можеби ќе согледате дека ги делите истите. И откако ќе престанете да ги третирате парите како објективна мерка на вредност и почнете да ги гледате тоа што вистински се – субјективно искуство кое може да направи 1.000 евра да влијаат на светот како да се 10.000 евра.

4. Преговарачката сила е во вашата глава

Личноста која изгледа дека има најмалку да изгуби, всушност е личноста која може најмногу да добие во преговорите. Кога сте во преговори, двете страни се подготвени да изгубат нешто. Колку повеќе знаење имате за скриените интереси и ограничувања на партнерот со кој преговарате, толку повеќе ќе имате предност во преговорите. Ако се однесувате дека немате што да загубите и дека сте спремни да ги напуштите преговорите, тогаш преговарачкиот партнер ќе направи сериозни напори да постигне договор.

5. Не е потребна причина

Најчесто луѓето се колебаат да побараат подобрување на работната позиција или зголемување на платата, бидејќи не можат да докажат дека вредат повеќе. Еден совет: Не треба да го докажувате тоа што го сакате, едноставно кажете. Не се наоѓате на суд. Вие си го изразувате вашето мислење и ниту еден авторитет не може да го смени тоа. Дури и во судската пракса, не постои лажно мислење.