Инвеститорите во „низок старт“: Европската централна банка денеска ја објавува клучната одлука за каматите

Европските индекси се мешани, при што цената на суровата нафта од типот Брент се тргува над 112 долари за барел, додека пазарите чекаат клучни податоци од Еврозоната и САД што ќе ги обликуваат движењата на берзата.

Според податоците од берзата во 10 часот, цената на суровата нафта се зголеми за 1,44 проценти на 108.563 долари, а на нафтата од типот Брент за 1,57 проценти на 112.132 долари.

Во 11 часот наутро ќе бидат објавени клучните податоци за економскиот раст за првиот квартал од 2026 година, прелиминарните инфлации и невработеност во Еврозоната, а во 14:15 часот Европската централна банка ќе ја објави својата одлука за каматните стапки, заедно со сигналите за идниот тек на монетарната политика.