Научници создадоа 3D вештачки мускул три пати посилен од обичниот

27

artificial_muscleФото: Columbia Engineering

Машински инженери од Универзитет во Колумбија создадоа синтетички мек мускул којшто е многу поедноставен за изработка и функционирање од сите останати, но и три пати посилен.

Вештачкиот модел е базиран на изгледот и функцијата на природниот мускул, пишува New Atlas. Направен е од силиконска гума опремена со микро меурчиња од етанол, коишто придонесуваат за ниска густина и голема еластичност. Може да биде испечатен со 3D техника во било која форма, а потоа да се активира со електрична енергија благодарение на тенка жица вградена внатре.

Она што е важно е дека мускулот се прави лесно, евтино и на сосема безбеден начин и може да ја менува формата на илјадници начини. Има способност да притиска, да влече, да се витка, превртува и да подигнува тежина.

Следен чекор на тимот е да ги замени жиците што се внатре во мускулот со вградени спроводни материјали, како и да го подобри времето за реакција и рокот на траење на мускулите.