Навалица за iPhone5

28

Американската компанија Епл соопшти дека добила над 2 милиони нарачки за новиот телефон iPhone 5 за 24 часа, како и дека многу испораки ќе бидат одложени за октомври поради високата побарувачка.

“Прелиминарните договори за iPhone 5 го подобрија претходниот рекорд, поставен од iPhone 4S и реакцијата кон iPhone 5 беше феноменален”, изјави Филип Скилер, потпретседател на Епл за глобалниот маркетинг.

Епл ја претстави новата верзија на култниот паметен телефон минатата недела, а првите договори можеа да се прават од петокот. Првите клиенти во САД и во некои други земји се очекува да добијат уредот на 21 септември, но Епл соопшти дека може некои од нив да почекаат.
„Побарувачката за iPhone 5 ги надмина првичните набавки и иако мнозинството договори ќе бидат доставени до клиентите на 21 септември, од кои е планирано да бидат доставени во октомври”, соопшти Епл.

iPhone 5 ќе биде достапен во онлајн продавницата на Епл, продавниците на компанијата и преку продавниците на AT & T, Sprint, Verizon Wireless, Best Buy, RadioShack, Target и Walmart и други компании.