Доколку возите автомобил, добро знаете дека мобилниот телефон може да ви пречи. Не е тајна дека користењето на мобилниот телефон во текот на возењето е една од главните причини за сообраќајни несреќи.
Navdy е дисплеј што при возењето дава информации за брзината на движење и навигацијата, но и за сите пораки и информации од социјалните мрежи, а нуди и можност за слушање музика, јавува порталот netocracija.com.
Сето тоа Navdy го овозможува и го поддржува преку апликациите што се користат на iPhone или Андроид. Главната цел на овој дисплеј е да се подобри искуството при возење, бидејќи во текот на целиот пат фокусот на возачот е на патот пред него, бидејќи Navdy е “сместен“ на ветробранското стакло на автомобилот.
Navdy е изум на Доуг Симпсон и Карл Гутаг од Сан Франциско. Станува збор за HUD – heads-up display, што го користат воените пилоти во борбените авиони.