Навики на несреќните луѓе

35

tazna

Фото: Pexels

Среќата е под контрола и производ на вашите навики и поглед кон животот, а животните околности и генетиката имаат мал удел во среќата на една личност. Кога луѓето се несреќни, многу е тешко да се биде во нивна околина. Несреќата креира магичен круг што турка назад од постигнувањето на цели за кои сте способни.

Некои навики ги прават луѓето несреќни и треба да внимавате да не станат и ваши. Ова според Inc треба да го избегнувате:

Чекање на иднината

Велејќи си себе си: “Ќе бидам среќен/а кога…“ е есенцијална несреќна навика. Како ќе ја завршите реченицата не е важно (унапредување, поголема плата, нова врска…), бидејќи ставате акцент на околностите, а подобрување на околностите не водат кон среќа. Не го трошете вашето време на чекање за нешто што е докажано дека нема ефект врз вашето расположение. Фокусирајте се да бидете среќни во овој момент, бидејќи нема гаранции за иднината.

Трошење време и напор за постигнување на материјалното

Научните истражувања покажуваат дека материјалните работи не ја предизвикуваат среќата кај човекот. Кога ќе создадете навика на “ловење“ на материјални работи, на пат сте да бидете несреќни, бидејќи ќе доживеете разочарување откако ќе откриете како сте ги стекнале. Можеби ќе добиете материјално, но на сметка на тоа ќе ги изгубите вистинските нешта што може да ве направат среќни, како пријателите, семејството, хобијата.

Седење дома

Кога се чувствувате несреќни, ги избегнувате луѓето. Ова е огромна грешка, бидејќи социјализацијата, дури и кога не уживате во неа, е одлична за вашето расположение. Сите ние имаме денови кога сакаме да останеме дома и да не разговараме со никој. Но во моментот кога ова однесување станува тренд, се уништува вашето расположение. Препознајте кога несреќата прави да сте антисоцијални и тогаш потрудете се да се дружите, веднаш ќе ја забележите разликата.

Доживување како жртва

Несреќните луѓе имаат тенденција да размислуваат дека животот е тежок и е надвор од нивна контрола. “Животот е таков, не можам да подобрам ништо“ – оваа филозофија поттикнува чувство на беспомошност и овие луѓе не преземаат акција да направат нешто подобро. Иако секој може да се доведе во ситуација да го совлада ова чувство, важно е да не дозволите да влијае на вашиот поглед кон животот. Не сте единствената личност на која и се случуваат лоши работи и имате контрола на вашата иднина сè додека имате желба да преземете акција.

Песимизам

Ништо не ја храни несреќата како песимизмот. Проблемот со песимистичкиот став е што влијае на вашето расположение. Фокусирајте се на позитивни работи и погледнете ги фактите, ќе забележите дека не се толку лоши како што изгледаат.

Туркање на проблемите по тепих

Среќните луѓе се одговорни за нивните акции. Кога прават грешка, ја признаваат. Од друга страна, несреќните луѓе бараат проблеми и грешки за да се закануваат и се обидуваат да ги сокријат. Проблемот станува поголем кога се игнорира. Ако не преземете ништо за решавање на проблемот, тогаш има опасност да стане поголем, а вие да се чувствувате како жртва.