Навики што ќе ви заштедат пари

70

Сакаме да имаме повеќе пари, а тешко успеваме да заштедиме. Во продолжение неколку навики што треба да ги примените ако сакате да имате подлабок џеб.

“Заборавете“ ги кредитните картички

Кога излегувате од дома понекогаш намерно заборавете ја кредитната картичка. Понесете само онолку колку што навистина е потребно за да го купите тоа што сте планирале. Доколку со вас носите повеќе пари, големи се шансите да трошите без реална потреба.

Почекајте неколку минути

Колку и да ви се допаѓа производот на прв поглед, не брзајте со купувањето. Почекајте 10-тина минути да видите дали “кризата ќе помине“. Неретко се случува да избрзаме со одлуките само затоа што во моментот сме почувствувале слабост.

Листа за купување

Разни истражувања покажале дека оние луѓе што со себе носат листа на потребните намирници што треба да се купат, поретко посегнуваат по нешто екстра. Ако сакате да заштедите направете шопинг листа и држете се до напишаното. Во спротивно ќе лутате низ продавниците и ќе направите непланиран трошок.

Внимавајте со сметките

Не го одложувајте плаќањето на сметките, тоа може само да ве “удри по џебот“. Редовно водете евиденција колку и на што најмногу трошите пари. Така ќе бидете финансиски поорганизирани и помалку ќе се доведувате до непријатни ситуации.

Фото:Pixabay