Фото: Pexels
Понекогаш малите нешта што ги правиме нè носат на патот до успехот. Треба само да знаеме како правилно да постапиме во одредена ситуација.
Еве неколку мали, големи навики кои треба да се практикуваат.
Пофалете се, умешно и дискретно
За време на разговор спомнете го вашиот успех, но внимавајте да не биде тоа фалба. Кажете ги само фактите, не спомнувајте детали и не правете приказна од сето тоа.
Имајте широки познавања
Доколку имате познавања од книги, храна, вино, уметност и слично ќе звучите многу пософистицирано. Успешните луѓе ги познаваат фините нешта во животот, а со тоа обезбедуваат место до една повисока класа на луѓе.
Добри манири
Добрите манири можат да ве однесат далеку. Давање предност на понежниот пол, или на постари лица, употреба на “ве молам” и “благодарам”, гледање во очите на соговорникот, молчење додека другите зборуваат… се само некои од манирите што треба да ги применувате.
Бидете добар комуникатор
За да го кажете она вистинското, потребни ви се и вистински зборови. Внимателно слушајте ги соговорниците и не дозволувајте да бидете погрешно интерпретирани.
Држете јавни говори
Не одбегнувајте јавно да го кажете вашето мислење. Кога слободно ќе можете да се обратите пред толпа народ, тогаш ќе добиете и нова публика пред која ќе можете да покажете што знаете и умеете.
Контактирајте со луѓето
Колку повеќе луѓе знаете, толку подобро ќе може да ги претставите вашите знаења и можности. Вештината во разговорите ќе ја покаже вашата отвореност и желба кон нови нешта и идеи.
Позитивен став
Грижата нема да ви ги реши проблемите. Затоа немојте да бидете нерасположени и постојано замислени. Наместо тоа настојувате секогаш да има насмевка на вашето лице и да зрачите со позитивна енергија. Потрудете се луѓето да ве гледаат како ведра, расположена личност, подготвена за предизвиците на новиот ден.