Не добивте унапредување? Еве што треба да направите

25

tazno-lice

Фото: Pixabay

Побаравте унапредување, кое според вас е најлогичниот чекор откако се покажавте како вреден и доследен работник во компанијата. Ги презентиравте своите достигнувања пред претпоставените и очекувавте позитивен одговор. На ваше големо разочарување, тоа не се случи.

Што понатаму, во продолжение.

Смирете се

Не дозволувајте емоциите да ве надвладеат. Ништо не преземајте додека не се смирите, особено ако негативниот одговор бил сосема неочекуван. Кога ќе си ги средите мислите и потиснете емоциите, дури тогаш е време за дополнителен разговор.

Побарајте објаснување

Закажете состанок со претпоставените за да ви објаснат зошто не го добивте унапредувањето. Во совршеното сценарио, одговорот би го добиле истиот момент кога ќе ја чуете одлуката. Но, почесто тоа се кратки и нејасни објаснувања, а понекогаш дури изостануваат.

Вие сте убедени дека дадовте сè од себе, затоа треба да знаете која е точната причина за одбивањето.

Направете проценка

Целта на објаснувањето е да дознаете што е потребно за професионално напредување. Следен чекор е да направите проценка на целата ситуација и да видите дали наведените работи ќе можете (сакате) да ги реализирате со сегашната позиција во компанијата.

Да останете или да си одите

Размислите за опциите. Какви бенефиции имате со моменталното работно место и на што може да наидете доколку одлучите да си заминете. Направете листа со позитивните и негативните работи на двете опции и одлучете внимателно.

Исто така треба да направите и добра проценка дали работодавачот ќе може (сака) да го промени мислењето за вас откако вие како вработен ќе ги остварите побараните достигнувања.

Имајте план

Ако навистина мора да дадете отказ, имајте во предвид дека шансата за наоѓање нова работа е поголема доколку сте вработени. Создадете нетворкинг стратегија со која ќе можете да барате нова работа, додека сè уште одлично ги завршувате задачите на старото работно место. Без разлика колку разочарано се чувствувате, не ја разнишувајте долго градената репутација со лоша реакција или лоша изведба.

Клучно е да како ќе реагирате на лоши вести, односно справувањето со истите. Реакцијата може побрзо да ве однесе чекор напред, но и да ве врати два чекори наназад.