Не дозволувајте негативните луѓе да ви ја црпат енергијата

65

minus

Фото: Pixabay

Понекогаш е навистина тешко да се одбегнат негативните луѓе, оние кои ни ја црпат енергијата и го “убиваат” позитивното во нас.

Во тие моменти не ви преостанува ништо друго туку да ги убедите дека позитивниот став е многу подобар од негативниот, да им ја одземете моќта на која се навикнале и да станете владетел на своето квалитетно поминато време.

Ценете го своето време

Дури и кога морате да поминете време со некој кој не ви е “симпатичен”, свртете ја ситуацијата во своја корист. Секогаш кога ќе почне да зборува нешто негативно, прекинете го/ја и продолжете со позитивен дух. Останете рамнодушни, не размислувајте дали и колку некој ве нервира, фокусирајте се на своите потреби.

Заземете став

Поминување време со негативни личности е еден од најбрзите начини да си го расипете расположението. Песимистичкиот пристап ја намалува мотивацијата. За да го спречите тоа заземете цврст и одлучен став. Повторувајте во себе дека денес нема да дозволите никој да ви го расипе расположенито и да ви ја уништи мотивацијата. И така секој ден.

Преориентирајте ги мислите

Негативните луѓе најмногу влијаат на вашите мисли во моментот, но и после тоа. Па така, често се случува наместо да се концентрирате на подобрување на своите резултати, вие да размислувате за вашата вознемиреност. Не дозволувајте тоа да се случи. Преориентирајте ги  мислите, вратете се на позитивната насока и останете таму.

Одберете продуктивно однесување

Често пати се вели дека самите сме виновни за нашето однесување, затоа што дозволуваме нештата да се случат. За сето да тоа се промени, потребно е малку ментална гимнастика. Ако сте лути некому, ослободете се од горчината што ја чувствувате. Не ги обвинувајте другите, туку прифатете ја сопствената одговорност за своите постапки. Доколку сакате да ги спречите лошите чувства, не им дозволувајте на негативните луѓе да ви ги наметнат.

Дружете се со позитивни луѓе

Трудете се вашето време да го поминувате со позитивни луѓе кои ќе ви го вратат животниот баланс и мир. Како што негативните луѓе можат да ви го направат денот матен, така позитивните можат да ви го “избистрат” додека да трепнете.