Не е Голф – Кој е најпродаван автомобил во Германија

307

Продажбата на нови автомобили во Германија во септември скокна за 14 отсто во споредба со истиот месец лани. Евидентирани се вкупно 224.816 новорегистрирани возила.
И покрај тоа, во првите девет месеци Германците купиле 7,4 отсто помалку автомобили отколку во истиот период во 2021 година. Во периодот јануари-септември годинава нови сопственици добиле 1.867.885 возила на четири тркала.

Во септември се зголеми и продажбата на електрични и plug-in хибридни возила (вкупно испорачани 72.725 единици), за 29 проценти. Уделот на овој тип на автомобили во вкупната продажба исто така се зголеми на 32,3 отсто.

Најпродаван модел Y на Tesla
Од нив се продадени 44.389 електрични возила и 28.336 plug-in хибриди, пренесува B92.

Најимпресивните податоци се дека во септември на клиентите им беа испорачани 9.846 примероци од Tesla Model Y, со што овој автомобил стана број еден продавач на нови автомобили во Германија во септември, пред „вечниот“ бестселер, Volkswagen Golf (7.095 ново регистрирани возила).