Рускиот вицепремиер Александар Новак изјави дека не гледа можност цените на гасот во Европа да бидат пониски во блиска иднина.
„Секако, развојот на ситуацијата е непознат, но во моментов не гледаме предуслови цените на гасот да се вратат на претходните нивоа во блиска иднина“, рече Новак на форумот „Руска енергетска недела“, пренесе Тас.
Новак додаде дека сегашниот развој на обновливите извори на енергија во Европа е поттикнат од фактот што цените на енергијата добиена од обновливи извори во моментов се четири до пет пати поскапи од енергијата добиена од гас.













