Не го почнувајте состанокот без овие две прашања, ако сакате повеќе пари

212

Анкетите покажуваат дека девет од 10 луѓе кои присуствуваат на состанок, во некој момент одлетуваат со своите мисли, а дури 73% од вработените работат некои други работи, кои немаат врска со темата за средбата.

Славната водителка и претприемач, Опра Винфри која “тежи“ 2,5 милијарди долари, во своите емисии The Oprah Winfrey Show ги имаше најголемите ѕвезди од Холивуд, големи музички имиња, но и анонимни лица со тешки и необични животни приказни. Се смееше и плачеше пред камерите, говореше за лични трауми, но сепак успеа да се истакне како лидер.

Вели дека клучот на деловната комуникација и успешен состанок е во овие две прашања: Зошто се собравме (што ни е намерата) и зошто е тоа важно?

Искуствата на вработените покажуваат дека состаноците честопати може да поминат лошо, бидејќи луѓето не знаат како да се постават.

Опра Винфри секој состанок го започнува со споменатите прашања, бидејќи бара јасни одговори. Поставувањето на овие прашања на почетокот на состанокот им помага на учесниците да се фокусираат.

Само во САД, луѓето одат на 11 милиони официјални деловни состаноци секој ден. Ова значи дека секој состанок треба да биде важен, а агендата на состанокот – јасна и едноставна.

Иако 47% од Американците сметаат дека премногу состаноци се “губење време“, тие може да бидат потребни за унапредување на проект или организација, сè додека тие се конструктивни и значајни.

Фото: Pixabay