Не постојат лоши тимови, само лошо лидерство

130

covecinja

Фото: Pixabay

Кога тимовите не функционираат во било која организација или компанија, тоа е затоа што нивните тим лидери не ги исполнуваат следниве работи:

Поставување и постигнување на цели

Ова е одговорност број еден на тим лидерот. Без разлика дали станува збор за продажба, раст, профитабилни цели, работата на лидерите е да ги исполнат тие цели. Тоа значи дека лидерот треба да има целосен увид и контрола над повеќе сегменти, како луѓето, производите, услугите, продуктивноста, финансиите, конкуренцијата и пазарот.

Решавање на проблеми и донесување на одлуки

Секоја постигната цел доаѓа со надминати препреки и тешки одлуки што треба да се донесат за да се успее. Лидерот е тој што треба да стои зад нив, секако, со помош на тимот. Но доколку не е во состојба да донесе одлука или да учествува во решавање на проблеми, не може да очекува дека тимот успешно ќе функционира.

Приоритизирање и фокусираност

Времето е најскапоцениот адут за лидерот и секогаш недостига. Приоритизирањето на целите и задачите е клучно за остварувањето. Ако постојат пет топ приоритети, всушност нема ниеден. Распоредување на соодветните ресурси на вистинските области во бизнисот во вистинско време е тоа што треба да се направи за да се остварат поставените цели.

Верба и инспирација и за другите

Ако тим лидерот не верува во тоа што го прави, нема да веруваат и другите членови. Одговорниот мора добро да ја познава мисијата и визијата и постојано да ги потсетува останатите на нив за и тие да можат да ги разберат и да веруваат во истите. Ако тимот не умее да се поистоветува со целите и мисијата на компанијата, тоа ќе биде поради неуспехот на нивниот лидер да ги мотивира и води на правилниот начин.

Перформанс и резултати

Лошите резултати и перформанс на тим лидерот ќе се одразат на целиот тим. Тој/таа треба да биде пример за ефективност и продуктивност, во спротивно работите ќе тргнат во негативна насока. На крајот на денот се сведува на тоа дали умеете или не умеете да ја спроведете мисијата и да ја постигнете целта. Добриот лидер го одликува токму тоа, но и ефикасен тим што одлично функционира под негово/нејзиниот раководство.