Не си го трошете времето на работа во која ни малку не уживате

50

casovnici

Фото: Pixabay

Еден од најчестите совети што можат да се слушнат од луѓето во поодминати години е тоа дека не треба да си го трошиме времето на нешта што не ги сакаме, а тука спаѓа и работата.

Прашањето За што најмногу жалите во животот, е едно од најчесто поставуваните прашања на лицата кои веќе зад себе оставиле многу изодени километри и години искуство.

Анкетите што постојано се спроведуваат на лица постари од 70 години го потврдуваат споменатото. Она што можеби многумина го очекуваат како одговор е сигурна и добро платена работа. Но сепак, парите на крајот не се важни. Искусните потенцираат дека најважно е задоволството од она што го работите.

Според нив најголема грешка што младите ја прават при изборот на професија е тоа што ги ставаат парите на прво место и размислуваат за голема заработувачка.

Парите не можат да ја разбудат истата страст и желба како љубовта кон професијата.

Многу е важно и да постигнете одредена доза на автономност во работата, што дополнително го зголемува задоволството. Така ќе можете да се надградувате и развивате во посакуваната насока без некој премногу да ве контролира.

Развијте ја емоционалната интелигенција

Дури и ако се занимавете со техничка професија, опкуржени со бројки и статистики, потрудете се да ја развиете емоционалната интелигенција и интерперсоналната комуникација. Недостаток во тој сегмент може да биде пречка во кариерата.

Учете и кога е најлошо

Доколку веќе сте заглавени на работно место кое не се совпаѓа со вашата замисла, учете. Научете се што можете – за работата, за луѓето, за себе. За многумина поуките од вакви ситуации биле непроценливи во животот.

Ризикувајте

Прифаќајте ги приликите што ќе ви се пружат. Кога сте пред предизвик, поголема е веројатноста еден ден да зажалите што не сте го прифатите, отколку ако истиот не излегол онака како што се планирале.