Nebia 2.0 – туш на иднината што заштедува вода

61

Стартапот Nebia со седиште во Сан Франциско, го претстави Nebia Spa Shower 2.0, таканаречен “туш на иднината“. Производот е втора подобрена и поевтина верзија од неговиот претходник за којшто стартапот собра три над милиони долари благодарение на кампања на Kickstarter.

Nebia користи специјален систем на автоматизација што дополнително ги разложува капките вода, нудејќи подобрено искуство во бањата.

Според стартапот, корисникот иако штеди вода, има чувство дека се тушира со изобилство на ситни капки коишто нежно “масираат“.

Nebia е основан во 2014 година, а некои од неговите дизајнери се поранешни вработени во NASA, Tesla и Apple, пишува The Verge. Тушот заштедува до 10 пати повеќе од обичната верзија, односно штеди 65% повеќе вода додека се користи.

Nebia 2.0 доаѓа во две мат бои, сребрена и црна, а ќе се продава за 499 долари, за разлика од претходникот кој чини 650. Втората кампања на Kickstarter трае уште 28 дена.