Недостигот на чипови ќе го забави производството на автомобили најмалку до 2024 година

51

Ограничувањата во производството на автомобили во Германија поради недостиг на полупроводници ќе траат „најмалку до 2024 година“, се вели во извештајот на консултантската компанија за менаџмент „Аликс партнерс“.

Во моментов, од нарачката до испораката на чиповите се потребни шест месеци, што е двојно подолго од нормалното. Побарувачката за чипови по возило продолжува да расте поради зголемената дигитализација и електрификација, но производителите на полупроводници се воздржуваат да ги прошират своите капацитети поради заканата од рецесија и зголемените каматни стапки, пишуваат експертите од индустријата.

Профитните маржи на производителите на полупроводници на конвенционалните автомобилски чипови се до 11 процентни поени полоши отколку кај чиповите за потрошувачка електроника или индустриски клиенти, велат тие.

Од гледна точка на производителите на чипови, автомобилската индустрија е „само мал клиент за полупроводнички чипови“, со 6 до 10% од светскиот капацитет.

Побарувачката ќе продолжи да ја надминува понудата во 2024 година, а тоа ќе придонесе за зголемување на цените на полупроводниците и, на крајот, на возилата.