Неизвесноста на американската економска политика го забавува кредитирањето на компаниите во еврозоната

Неизвесноста на американската економска политика го забавува кредитирањето на компаниите во Еврозоната, според анализата на група економисти објавена денес на блогот на Европската централна банка.

Анализата покажува дека шоковите на американската политика го намалуваат растот на новите кредити за фирмите во Еврозоната за околу 0,5 процентни поени, а ефектите се развиваат во текот на две години.

Банките со послаба ликвидност или поголем удел на нефункционални кредити реагираат посилно и дополнително ја ограничуваат понудата на кредити.