Неколку факти за бизнисот низ бројки

brojki

Фото: Pixabay

Интересни и поучни факти за бизнисот искажани во бројки и проценти.

Дури 95% од новите производи што секоја година се претставуваат на пазарот не успеваат. Главната причина за тоа е што истите не ги пресретнуваат потребите на потрошувачите.

Речиси половина или 45% од работните активности на луѓето можат да биде автоматизирани со употреба на денешната технологија. Сепак, технологијата не може целосно да ја замени работата на луѓето, туку само одредени делови од нивните секојдневни задачи.

Половина од компаниите во светот, 49%, имаат иницијатива да растат преку намалување на трошоците. Само 29% планираат да го направат тоа со воведување на нови услуги и производи.

Околу една третина од времето поминато на работа или просечно 31 час во месецот вработените го трошат на непродуктивни состаноци.

Дури 70% од малите бизнисите имаат еден сопственик што истовремено е и единствен вработен.

Дури 74% од компаниите веруваат дека комплексноста на бизнисот пречи да се постигнат целите, а 17% сметаат дека поедноставувањето може да вроди со плод.

Само 43% од компаниите коишто се најдоа на Fortune 500 листата во 1995 година, успеаја да останат на истата во 2015 година. 

Треба 21 ден по ред да повторувате некое ново однесување за истото да стане ваша навика. Како на пример, нема праќање на мејлови од 21 до 9 часот наутро.