Неколку интересни факти за NIVEA

505

Светски познатиот бренд за нега на лицето и телото NIVEA е сопственост на германската компанија Beiersdorf што ја основа фармацевтот Карл Пол Бајерсдорф на 28 март 1882 година. Во 1900 година нов сопственик станува Оскар Тропловиц, кој за прв пат ја развива емулзијата eucerit како крема за кожа, која подоцна стана база за Еucerin и потоа за NIVEA.

nivea-3

Прочитајте неколку интересни факти за NIVEA:

Името NIVEA е изведено од латинскиот збор nix или nivis што значи снег. Eucerit емулзијата е развиена во 1911 година и за прв пат се повразани маслото и водата во снежно бела крема.

Во 1914 година, само три години по влегувањето на пазарот на нега за кожата, Nivea Creme веќе беше достапна во 34 земји. Денес NIVEA се пласира во над 200 земји од целиот свет и стана дел од секојдневниот живот на милиони луѓе.

Првото пакување на NIVEA не било сино. Оригинално прво NIVEA пакување било жолто со зелена декорација. Сегашната NIVEA со сино и бело е дизајнирана од поранешниот поморски командант Хуан Грегорио Клаусен во 1925 година. Оттогаш се етаблира како едно од најуспешните пакувања во историјата на стоки за широка потрошувачка.

nivea-2

Во 1983 година, NIVEA полета во вселената како дел од вселенска мисија. На членовите на екипажот им било дозволено да понесат само неколку предмети со нив. Еден од астронаутите си ја земал својата NIVEA крема.

Првите рекламни филмови на NIVEA се продуцирани во сино и бело, за разлика од стандардното црно и бело продуцирање во 1930 година.

На секои две секунди во светот се продава по еден NIVEA Q10 производ. Q10 асортиманот вклучува ко-ензим Q10 што е одговорен за производство на клеточна енергија и заштита на клетките од слободните радикали. Со зголемување на возраста, производството на овој природен ко-ензим опаѓа и луѓето треба надворешно да додаваат Q10. NIVEA Q10 стана бестселер кога беше за прв пат пласирана на пазарот во 1998 година.

nivea-5

Според анкетите, 70% од луѓето можат да го препознаат логото на Nivea од самото пакување. Тестовите покажале дека Nivea се наоѓа меѓу ретките брендови во светот кои имаат бренд признавање или карактеристичен потпис. Два други примери се Google and Coca Cola.

Во Хамбург секојдневно се произведуваат по 500.000 сини кутии. Тоа значи дека секоја година се произведуваат повеќе од 100 милиони кутии, што се полнат со 10.000 тони крема NIVEA.

nivea-4

Ако сите сини NIVEA Creme кутии што некогаш биле произведени се стават на едно место, до 2020 година магацинот ќе достигне до Месечината.

Во 2010 година, научниците од NIVEA откриле начин за додавање на аквапорини – молекули кои ја формираат клеточната влага на кожата – во NIVEA VISAGE. Ова откритие е револуција за идното производство на брендот и во способноста за навлажнување на кожата.

nivea-1

NIVEA е зелен бренд и пакувањето на NIVEA 100% се рециклира. Брендот користи еколошки процеси со цел да се зачуваат состојките што се користат. Дури и пакувањето е дизајнирано да заштеди ресурси. На пример, NIVEA го модифицираше обликот на пакувањето на гелот за туширање за бебиња, што значи дека за 125.000 шишиња потребен е помалку од еден камион за транспорт. Намалувањето на нивните палети за неколку сантиметри дополнително ги намали пратките за 1/5.

Beiersdorf Research Centre – местото каде што се развиваат сите производи на NIVEA има облик на клетките на човечката кожа зголемени за милијарда пати.

Кремата NIVEA, која иако постојано еволуираше за да го задржи чекорот со најновите откритија поврзани за нега на кожата, ја задржа основната формула непроменета 100 години, задржувајќи го прекрасниот мирис.

nivea

Во успешната приказна на NIVEA секојдневно се вклучуваат илјадници нејзини потрошувачи. Само во седиштето во Хамбург, NIVEA добива повеќе од 1.200 прашања, сугестии и писма со благодарност. Исто така NIVEA е актуелна на социјалните мрежи и на својата Facebook страна има голем број на следбеници.

Најголемиот фан на NIVEA се вика Стефан Нортмајер и собрал околу 900 NIVEA брендирани предмети од 40 различни држави за 11 години.