Неколку мали совети што да направите во случај на отказ

23

otkaz

Фото: Pixabay

Останавте без работа и сега имате две опции, да се самосожалувате или да ја прифатите реалноста, (колку и да е тешка) и да почнете одново.

Еве неколку мали совети што треба да направите во случај на отказ.

Не брзајте. Одвојте време да ги разгледате работите од секој агол. Новонастанатата ситуација не е пријатна, но дава можност за нов почеток. Сега е вистинскиот момент да направите една самоанализа и добро да го одберете вашиот следен чекор.

Следната работа може ќе биде времена, со полно или скратено работно време. Прифатете ја. Секое искуство е вредно и не се знае каде ќе не одведе.

Барајте компании со мисија и вредности со кои се согласувате и зад кои може да застанете. Работодавачите се многу повеќе заинтересирани за оние кандидати кои имаат страст за работата, отколку за оние кои само се интересираат за платата.

Вашата репутација и вашиот онлајн профил (Facebook, LinkedIn) играат многу поголема улога во процесот на вработувањето отколку резимето и мотивационото писмо.

Прославете или ако можете, отидете на краток одмор. Сигурно бевте многу зафатени со работата, па еве шанса малку да се опуштите, прилагодите на ситуацијата и да соберете сила за новиот чекор.

Искористете го здравственото осигурување додека го имате. Сега имате доволно време да ги направите сите рутински прегледи, кои долго време ги одложувавте.

Не ја преработувајте приказната и престанете со обвинувањата. Со тоа ништо нема да постигнете. Немојте постојано да им повторувате на луѓето за вашиот отказ и да се жалите колку немате среќа. Тоа само ќе ве враќа чекор наназад.

Работите не излегоа како што планиравте и што побрзо се помирите со губењето на работата, подобро ќе биде за вас. Можеби ги знаете причините за отказот, можеби се уште се прашувате. Во секој случај, не трошете го времето попусто.

Вашата нова работа е да најдете нова работа. Тоа нема да се случи преку ноќ, можеби ќе ви требаат месеци додека добиете шанса. Дотогаш вредно работете на случајот и не се обесхрабрувајте во ниеден момент.