Неколку мисли од генијалниот ум на Стивен Хокинг

34

hawking

Фото: hawking.org.uk

Кога на 21 година докторите му дијагностицирале амиотрофична латерална склероза (АЛС), болест која го парализира целото тело, сметале дека нема да живее повеќе од три години. Но, Хокинг бил многу посилен од тоа.

Денес генијот има 72 години и иако од 2009 е целосно парализиран, неговиот ум и ден денес е еден од најмоќните во светот.

Ова се неговите размислувања за животот:

Мојата цел е едноставна. Сакам целосно да го разберам универзумот, зошто е таков каков што е и зошто постои.

Тивките луѓе имаат најгласни умови.

Луѓето нема да имаат време за вас ако постојано сте налутени или се жалите.

Сум забележал дека и оние кои тврдат дека се е веќе предодредено и дека ние не можеме ништо да смениме, погледнуваат лево – десно пред да ја преминат улицата.

Животот ќе беше трагичен, да не беше смешен.

Жените… тие се најголемата мистерија.

Најголемиот непријател на знаењето не е неукоста, туку илузијата дека знаете нешто.

Интелигенцијата е способност да се адаптирате на промените.

Прво, секогаш гледај нагоре кон ѕвездите, не надолу кон стапалата. Второ, никогаш не престанувај да работиш. Работата ти дава значење и цел, без неа животот е празен. Трето, ако си среќен да пронајдеш љубов, никогаш не ја заборавај и не ја отфрлај. (совет за неговите три деца).

Господ можеби постои, но науката може да го објасни универзумот и без создавач.

Едноставноста е прашање на вкус.

Мојот совет за другите луѓе со хендикеп би бил да се концентрираат на оние работи кои хендикепот не ги спречува, да ги извршуваат и да не жалат за работите кои не можат да ги прават. Духот не смее да ви биде хендикепиран, како телото.