Неколку совети за оние кои имаат помлад шеф

22

sef

Фото: Pixabay

Кога работите за помлад шеф, разликата во годините понекогаш може да биде пречка.

Тајната на успешната врска помеѓу вработен и претпоставен е взаемната почит. Доколку го цените фактот дека вашиот помлад шеф ја заслужил таа позиција благодарение на импресивните вештини и таленти, тогаш возраста воопшто не е важна.

Прилагодете го своето однесување

Бидете отворени кон новите пристапи и намалете го патронизирачкиот тон во вашиот глас. Начинот на кој се однесувате кон другите, дури и потсвесно, на крај ви се враќа со иста мера. Преформулирајте го размислувањето и вклучете еден позитивен потсетник кој одвреме навреме ќе ве потсетува кој е шефот, а кој вработениот.

Зборувајте за ситуацијата

И самиот шеф можно е да се прашува дали вие како постар и искусен вработен имате проблем да давате извештаи за вашата работа на некој помлад. Отворено зборувајте за ситуацијата и покажете му/и дека нема никаков проблем и дека вие сте спремни да одговорите на задачите во секој случај.

Искористете ги вашите јаки страни

Многу е важно за постариот и искусен работник да се фокусира на она што може да го понуди на својот помлад шеф. На пример вашата зрелост и искуство помага побрзо да ги решите проблемите, а тоа е токму она што им треба на помладите вработени, менторство.

Онлајн комуникација

Младиот шеф веројатно повеќе ќе сака да комуницирате преку мејл или текст пораки, отколку во четири очи. Не се противете на тоа.

Концентрирајте се на сегашните успеси

Оставете го минатото. Добро е да се чувствувате горди за минатите достигнувања, но нема да добиете поени за нив. Вашиот шеф се фокусира на моменталните предизвици и сака да знае како вие придонесувате истите да се решат сега и да помогнат за постигнување на утрешните цели.

Воздржете се од коментари за возраста

Сите коментари со кои се врши било каква споредба на различни генерации и возрасти задржете ги за себе. Нема потреба да споменувате детали за вашиот приватен живот и достигнувања на тоа поле пред шефот, особено кога разликата во година е поголема.