Неколку учтиви зборови што ќе ве направат инстантно допадливи

1393

Секој сака да остави добар впечаток кај другите. Некој умее веднаш да биде харизматичен, но на останатите им е потребна малку помош. Во продолжение неколку фрази што треба да ги употребувате за да бидете подопадливи.

Изгледаш убаво/одлично/релаксирано…

Секоја пофалба што не е претерана остава добар впечаток.Сепак не правете го тоа ако не го мислите. Добрите зборови се за секого добредојдени.

Како можам да помогнам?

Сте забележале дека некому треба помош, а вие сте тука случајно и можете да бидете од корист. Понудете се да помогнете и сигурно ќе и се допаднете на личноста пред вас.

Ти благодарам

Знак за љубезност, учтивост и почит. Практикувајте да се заблагодарувате. Така другата личност ќе знае дека сте го признале нејзиниот труд без разлика за што станувало збор.

Ти можеш/Верувам во тебе

На секому понекогаш му треба охрабрување и инспирација. Бидете токму таа личност што охрабрува и инспирира други. Тоа се основните карактеристики на еден лидер.

Добредојдовте

Тоа што некому ќе посакате добредојде покажува дека сте гостопримлива личност што се грижи за останатите.

Честитики/Ти честитам

Искрено признавање на нечиј туѓ успех значи дека сте голем човек што се радува туѓата среќа. Особина што денес ретко се наоѓа.

Како сте? Одлично сработено! Извинете… Разбирам…. и уште ред зборови и фрази вклучете ги во вашиот секојдневен речник. Бидете искрени и отворени за различни идеи и размислувања, така полесно ќе им се допаднете на луѓето околу вас.

Фото: Pixabay