Необична уметност – леб претворен во ламби

27

topbg2017_on_

Фото: Pampshade

Јукико Морита, уметник од Јапонија, создаде необична уметност од вистински леб – pampshade или рачно изработени ламби од леб, пишува Designboom. Морита порано работела како пекар и ја искористила нејзината љубов кон печивата за да ги креира овие иновативни производи.

Состојките од коишто се изработени се брашно, сол, квасец, LED сијалички и батерии. Таа прво го пече лебот, потоа ја отстранува неговата внатрешност и на крај го премачкува со смола со цел да се заштити од распаѓање. Следува прилагодување на формата и текстурата на лебот и штом тоа ќе се направи, се продолжува со вградување на електрично коло според формата на ламбата.

Морита прв пат го привлече вниманието на дизајнерската недела во Токио и оттогаш ја прошири својата колекција со уште седум нови дизајни.

За да дојде до совршениот изглед, Морита направи дури 300 прототипови.

baguette_displayboule_display2017shampignon2017croissant2017coupe