Неочекуван пад на германскиот извоз

71

Извозот од Германија во текот на декември падна за неочекувани 0,3 отсто поради растот на инфлацијата и пазарната неизвесност, додека дополнителен проблем е прекинот во синџирот на снабдување.
Податоците на германскиот завод за статистика покажуваат дека извозот паднал во декември, иако аналитичарите предвидуваа пораст од 0,2 отсто.

Падот на извозот во ноември следеше откако во октомври беше забележан раст од 0,8 отсто. Увозот во Германија падна за 3,3 отсто, што е многу повеќе од предвидените 0,5 отсто.

Испораките во ноември во САД, кои се најголем извозен партнер на Германија, се намалени за 1,5 отсто, а извозот во членките на ЕУ исто така е намален за 0,4 отсто.

„Поради слабеењето на економиите на Кина и САД, извозот засега ќе ги почувствува последиците“, вели аналитичарот од банката „Ауфхаузер Лампе“ Александар Кругер.