Неочекувана оставка на првиот човек на Citigroup

65

Викрам Пандит поднесе оставка на местото главен извршен директор и член на управата на американскиот банкарски гигант Citigroup, функција што ја вршеше скоро пет години. Управата со едногласна одлука за негов наследник го избра Мајкл Корбет, менаџер задолжен за работењето на банката на подрачјето на Европа, Блискиот исток и Африка. Овој неочекуван потег уследи само по еден ден откако третата најголема американска банка извести за пад на добивката во третото тромесечје за 88%.

Пандит вели дека си заминува доброволно, но според инсајдерски информации, бил присилен да се повлече.

Пандит смета дека колегата Корбет е вистинскиот човек да го наследи на чело на банката.

“Со оглед на напредокот што го постигнавме во последните неколку години, заклучив дека сега е вистинскиот момент некој друг да го преземе кормилото во Citigroup”, вели Пандит во соопштението.

Оставка поднесе и претседателот на управата на Citi и главниот директор Џон Хавенс, кој планираше да замине во пензија кон крајот на годината, но по оставката на Пандит, вели, решил да замине порано.