Нереални очекувања што не треба да ги имате

23

happiness-2481808_960_720Фото: Pixabay

Кога очекуваме многу, кога се надеваме на нешто тешко остварливо, логично е да се разочараме кога нема да добиеме позитивни резултати. Затоа, од клучно значење е очекувањата да бидат достижни и реални. Колку и да сакаме некои работи едноставно не можат да се остварат.

Еве на што не треба да се надевате во животот:

Луѓето ќе ме сакаат

Оставете ја идејата дека ќе бидете омилена личност во секое друштво. Едноставно невозможно е сите да ве сакаат и најдобро ќе биде да го прифатите тоа. Трудете се да бидете опкружени со луѓе кои носат позитивна енергија.

Животот ќе биде фер

Животот носи подеми и падови. Може да биде фер игра, но и да ви зададе низок удар. Затоа, бидете подготвени за секакво сценарио. Запомнете дека очекувањата се едно, а реалноста сосема друго.

Ќе успеам да го/ја променам

Не се надевајте дека ќе успеете од некого да направите нешто што не е. Многу е тешко возрасна личност со изградени ставови, желби и мислења туку така да се промени. Тргнете од себе си… дали вие успевате да бидете подобра верзија од тоа што сте, иако постојано си го ветувате тоа?

Ќе добијам шанса

Да, можеби ќе го добиете тоа што сте го очекувале, ако среќата реши ви се насмевне. Но, реалноста е сосема поинаква, шансите и добрите прилики се добиваат со многу напор, труд и работа. Понекогаш и тоа не е доволно, имајте предвид пред да бидете разочарани. Така полесно ќе го пребродите лошиот момент.

 Луѓето ќе разберат што сакам да кажам

Луѓето ќе знаат што сакате да кажете само ако сте јасни и концизни. Бадијала ќе зборувате ако не умеете да објасните што точно барате, мислите или очекувате. Запомнете дека деталите се важни и трудете се да бидете искрени, макар и наишле на одбивање. Така ќе бидете помалку разочарани.