Netflix, компанија во која може да имате слободен ден кога и да посакате

44

Американската компанија Netflix одлучи повеќе да не го ограничува времето за одмор на своите вработени…

Во обид да се „ослободи“ од потребната постапка кога некој од нејзините 900 вработени сака да оди на одмор, компанијата на прави револуционерен чекор, односно на своите вработени им овозможи располагање со слободните денови според сопствените желби и потреби.

„Иако може да се очекува злоупотреба на либералниот начин на работење, тоа засега се нема случено. Најверојатно, поради тоа што компанијата вработува зрели, одговорни луѓе кои имаат цел – квалитетно работење“, изјави за Bloomberg Рид Хастингс, еден од основачите на компанијата.

Netflix е единствената компанија која применува ваков начин на доделување годишни одмори. Инаку станува збор за компанија која пружа услуги на интернет медиуми. Денес има 23,6 милиони корисници, а вредноста на берзата му се проценува на шест милијарди долари.