Неуспешна мисија: SpaceX експлодираше нaбрзо по лансирањето

45

spacex

NASA и Меѓународната вселенска станица во неделата доживеаја “голема загуба“, откако лансирањето на вселенското летало на SpaceX заврши со експлозија, којашто целосно го уништи беспилотното летало и ракетата Falcon 9, пишува Guardian.

Според извештаите, делови од вселенското летало и ракетата се распаднале во Атлантскиот океан.

“Ние сме разочарани поради загубата на последниот SpaceX, којшто требаше да ги задоволи потребите на мисијата на Меѓународната вселенска станица. Сепак, астронаутите се на безбедно и имаат доволно резерви за следните неколку месеци“, изјави Чарлс Болден, администратор на NASA.

Првите два обиди на SpaceX, компанија во сопственост на Илон Маск, се случија во јануари и април оваа година. Иако двата обида завршија со експлозии, се сметаат за голем напредок. Леталото носеше храна и опрема за потребите на Меѓународната вселенска станица.