Neveo – апликација што создава семејни фото албуми

37

Фото: Facebook

Neveo претставува апликација којашто фотографиите од дигитална форма ги трансформира во фото албум, што има облик на списание.

Корисникот може да ги сподели своите фотографии, а задача на Neveo е да направи колекција од нив на месечно ниво, да ги испечати и во форма на фото албум да го испрати на членови од семејството.

Во еден фото албум може да се генерираат максимум 100 фотографии. Еден фото албум со 50 фотографии чини 14,99 долари, додека за албум со 100 слики треба да се плати 19,99 долари.