Невработеноста опаѓа, но неформалната вработеност расте за над 10 %

Бројот на невработените лица е намален за 2.3 % во споредба со четвртото тримесечје од 2024 година, додека за 8.8 % се намалува во споредба со истото тримесечје од минатата година, соопшти Државниот завод за статистика.

Од вкупниот број невработени лица, 59.8 % се мажи, а жени 40.2 %. Бројот на вработените лица бележи пораст. Од вкупниот број вработени, мажи се 57.6 %, а 42.4 % жени.

Учеството на неформалната вработеност се зголемува. Неформално вработени лица се 90 383, што е за 10.7 % повеќе од претходното тримесечје. Најголем број неформално вработени лица, односно 47.8 % има во секторот Земјоделство, шумарство и рибарство и 16.7 % во секторот Градежништво.

Главни поенти

Активно население, прво тримесечје 2025 година
Активно население: 795 007 лица
Вработени: 702 410 лица
Невработени: 92 597 лица
Стапка на активност: 52.4
Стапка на вработеност: 46.3
Стапка на невработеност: 11.7