Невработеноста во еврозоната во јануари 6,2 отсто

Сезонски приспособената стапка на невработеност во еврозоната беше 6,2 отсто во јануари 2025 година, стабилна во споредба со декември 2024 година и е помала од истиот месец минатата година кога изнесуваше 6,5 отсто.

Стапката на невработеност во Европската унија во јануари 2025 година била 5,8 отсто, исто така стабилна во однос на декември 2024 година, пониска од јануари истата година, кога изнесувала 6,1 отсто, објави Европскиот завод за статистика.

Евростат проценува дека 12,8 милиони луѓе во ЕУ, од кои 10,6 милиони во еврозоната, биле невработени во јануари 2025 година.

Во споредба со јануари 2024 година, невработеноста е намалена за 510.000 во ЕУ и за 547.000 во еврозоната.

Меѓу земјите-членки на ЕУ, стапката беше ревидирана надолу за повеќе од 0,1 процентен поен (п.п.) за Словенија (за 1,7 п.п.), Франција (за 0,5 п.п.), Полска (за 0,3 п.п.) и Словачка (за 0,2 п.п.). Стапката беше ревидирана нагоре за повеќе од 0,1 процентен поен (п.п.) за Естонија и Романија (по 0,5 п.п.), Кипар (за 0,4 п.п.), Ирска, Луксембург и Шведска (по 0,3 п.п.), како и за Белгија, Бугарија и Италија (по 0,2 п.п.).