Нигериската економистка доби втор мандат на чело на СТО

Нигериската економистка Нгози Оконџо-Ивеала доби нов мандат на чело на Светската трговска организација (СТО), објави управниот совет по состанокот.

Поранешната нигериска министерка за финансии влезе во историјата како прва жена и прва Африканка на чело на СТО, а нејзиниот сегашен мандат истекува во септември следната година. Студирала на Харвард и МИТ и има 15 почесни дипломи од универзитети ширум светот. Таа немаше противник во трката за вториот мандат.

Советот се собра на вонреден дводневен состанок, кој заврши во петокот со одлука за прифаќање на кандидатурата на Нгози Оконџо-Ивеал, пренесува Хина.

Актуелниот шеф на СТО го зајакна капацитетот да им помогне на членките и ја одреди програмата за иднината, нагласи претседавачот на Советот, амбасадорот на Норвешка Петер Олберг.

Оконџо-Ивеала нагласи дека има намера да ја промовира трговијата како двигател на економскиот раст и издржливоста во нејзиниот нов мандат.

„СТО ќе продолжи да биде платформа за соработка на членките за решавање на глобалните предизвици“, додаде првиот човек на СТО.

Наводно, процедурата за нејзиното назначување била забрзана за да се избегне можна американска блокада по влегувањето на Доналд Трамп во Белата куќа, чиј кабинет не ја поддржал кандидатурата на Оконџо-Ивела за водечката позиција во СТО во 2020 година.

Пречките за нејзиниот избор беа отстранети од Џо Бајден на почетокот на 2021 година, забележува Ројтерс.