Никогаш не е доцна, желбата за сопствен бизнис може да стане реалност

51

02-LandruChocolates

Во одреден момент ќе почувствуваш, ќе знаеш дека си успеал. Така беше кога ги освоивме наградите и признанијата, успехот се чувствуваше.

l

Приказната за производителот на чоколадо Оскар Бејл започнува скромно пред повеќе од 40 години, кога како младо момче, со само 500 долари во џеб, од Филипините доаѓа во САД. Откако завршува факултет се вработува за компанијата Harza Engineering (денешно MWH Global Inc.), каде работи 30 години.

Но, желбата за сопствен бизнис не го напушта, па така Оскар заминува од компанијата следејќи ја својата страст за правење на чоколади. Најпрво оди во Венецуела каде се поврзува со друг познат произведувач на чоколадо и во неговата “работилница” го усовршува занаетот.

261610_193196637397057_5206532_n

Денес тој е претседател на Landru Chocolates, бизнис кој го успешно го води со неговиот син и сопруга.
Во неговата богата палета на производи вклучени се разновидни чоколади, карамели, желатин десерти (со вкус на овошје и вино), колекции на чоколадни бонбони, како и многубројни десерти направени по нарачка.

Што вели Оскар за успехот

Најбитното нешто што го научив за овие 10-тина години е дека успехот не лежи во добро осмислениот план, туку во тоа како ќе го реализираш истиот. Па така самиот си поставувам цели – ако брзо скокнеш од една цел до крајната (слава и успех), се што ќе се случува помеѓу ќе биде тешко да се издржи. Па затоа ги поставувам целите постепено, завршувам една и почнувам друга.

chocolateSalon-23

Многу е важно добро да раководиш со средствата кои ги имаш, ако не можеш да ја постигнеш целта со тоа што ти е на располагање тогаш, можеби треба да ги намалиш малку амбициите. Во одреден момент ќе почувствуваш, ќе знаеш дека си успеал. Така беше кога ги освоивме наградите и признанијата, успехот се чувствуваше.

Да се биде позитивен не е доволно, потребно е да се биде и реален. Знаев дека можам да успеам во оваа индустрија, затоа што видов како другите пред мене успеале. Така, кога започнав да произведувам чоколада најпрво си поставив реални цели.

thumb_600

Кога работев како инженер имавме проекти кои траеја и 15 години и уште тогаш видов дека за се треба трпение, особено ако се зафатите со некој поголем проект. Така е и со бизнисот, се додека моите цели се остварливи, откажување нема.

Најголемиот проблем

Производството – секогаш постои ризик дека нема да излезе како што треба, и тогаш чоколадото станува отпад. Некои од производите се навистина тешки за правење, иако знам совршено да ги подготвам, понекогаш може да направам утка.

landru_1_pates_alt_large

Совет

Да започнете бизнис од нула е навистина многу тешко. Од гледна точка на еден бизнисмен повеќе смисла има ако купите компанија која веќе започнала со производство. Не сум сигурен дали ќе го имате она лично задоволство, кое јас го чувствувам во моментов, но работата ќе оди полесно.

На почетокот изгледа дека 100.000 долари (на пример) се многу за да се купи веќе разработен бизнис, а токму таа иста сума ќе ја потрошите додека се обучувате за сопствениот бизнис. Тоа што веќе добро функционира може да се подобри и издигне на едно повисоко ниво.

salon-n-more-083

Но сепак, на крајот на краиштата ништо неможе да се спореди со личното задоволство кога започнуваш сопствен бизнис.