Nissan доби нов извршен директор

Јапонскиот производител на автомобили Нисан денеска објави дека го назначил поранешниот главен директор за планирање Иван Еспиноза за нов извршен директор на компанијата.

Еспиноза ќе ја преземе лидерската позиција на 1 април, додека актуелниот извршен директор Макото Учида формално ќе остане на функцијата до јунскиот состанок на акционерите на компанијата, се додава во соопштението.

Nissan се бори со слабата продажба на главните пазари, САД и Кина, а неговиот профит падна за повеќе од 90 отсто во деветте месеци до февруари, пишува Kyodo.