Постојано расте бројот на поборници за здравата исхрана, што вклучува повеќе овошје и зеленчук, па токму поради тоа луѓето се во постојана потрага по храна што се одгледува на природен и еколошки начин.
За голем број луѓе кои живеат во градовите скоро е невозможно да огледуваат насади со овошје или зеленчук поради недостигот на обработлива површина или недостиг од време. Затоа новата апликација Niwa, наменета за паметните телефони, е вистинско решение за тоа.
Зад оваа апликација стојат иноваторите Хавиер Морилиас и Агниеска Назарук од Сан Франциско, кои на луѓето им помагаат да одгледуваат овошје, зеленчук или зачини, па дури и цвеќе, без оглед на местото на живеење.
“Често забележував камиони полни со најразличен зеленчук, кои се подготвени за долг пат и тоа немаше смисла за мене. Си го поставив прашањето зошто толкава количина зеленчук се одгледува далеку од купувачите, па дојдов до заклучок дека тоа е така поради фактот што луѓето немаат каде да ги одгледуваат растенијата. Ја искористив технологијата и најдов решение како секој на било кое место да може да одгледува сопствена храна“, раскажува Морилиас за Daily Mail.
Со помош на паметниот телефон може да се контролираат условите во таканаречената застаклена “зелена куќа“ без потреба од физичко присуство. Апликацијата со помош на сензори одредува што му е потребно на растението, без оглед на тоа дали станува збор за светлина, вода, топлина, како и влажноста на воздухот.
За почетокот на садењето потребно е да се избере растението на апликацијата, па според направениот избор на растението се отвора посебна програма што се грижи додека не созрее. Технологијата отиде и еден чекор подалеку што апликацијата го прашува корисникот дали може да забележи листови на засаденото растение или дали може да се забележат првите плодови.
Едниствен недостиг на оваа апликација, засега, е тоа што не може да се огледуваат коренести растенија како што се компири или моркови, но тоа наскоро би било можно.
“Зелените куќи“ доаѓаат во три големини и многу лесно можат да се користат. Аплицијата ќе биде во продажба од јануари следната година, а цената ќе се движи од 229 до 449 долари.