Њујорк и Чикаго ги забранија електронските цигари на јавни места

57

Talia EisenbergЗаконските измени во Њујорк и Чикаго електронските цигари ги третираат на ист начин како и обичните цигари. Овие измени предвидуваат забрана за е-цигари на јавни места, пишува The Guardian.

Во Чикаго електронските цигари ќе бидат забранети само на затворени јавни места, додека забраната во Њујорк се однесува и на парковите и плажите.

Одлуката да се забрани употребата на електронски цигари во Њујорк и Чикаго, откако иста таква одлука беше донесена и за Лос Анџелес, ја продлабочува дебатата меѓу здравствените работници, производителите на електронски цигари и крајните потрошувачи.

Противниците на оваа забрана се убедени дека електронските цигари служат за превенција на популаризацијата на пушењето меѓу тинејџерите. Тие сметаат дека овие цигари ги бие лош глас бидејќи луѓето често пати ги мешаат со обичните цигари. Според нив, забраната лошо влијание на луѓето кои ги сакаат алтернативните тутунски производи.

Доктор Томас Фарли смета дека доколку се дозволат електронските цигари во рестораните и баровите ќе ги поткопаат постоечките забрани за производите базирани на тутун.

“Замислете да се најдете во еден ресторан и на една маса да има 10-тина луѓе кои пушат нешто што изгледа како цигара, а потоа да почувствувате чад од тутун. Како келнерот ќе знае кој е тој што ги нарушува законите?“, прашува докторот.

Законодавците, пак од друга страна, предупредуваат дека електронските цигари имаат никотин во себе и арома што потсетува на бонбони, што посебно им одговара на младите луѓе.