
НЛБ Банка денеска извести дека е извршена исплатата на пензиите за месец април. Средствата се веќе префрлени на сметките на корисниците.
Од Банката препорачуваат пензионерите да ги користат современите канали за банкарство за да заштедат време и да избегнат метеж на шалтерите. На располагање им е широката мрежа на банкомати за подигнување готовина, поголемо користење на безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство.













