НЛБ Банка ќе почне со исплата на дивиденда од 10-ти јуни

19

nlb banka

НЛБ Банка информира дека дивидендата од акциите на банката, според одлуката за употреба и распоредување на остварената добивка по годишна сметка за 2015 година, започнува да се исплаќа од 10-ти јуни.

За акционерите коишто имаат сметки во НЛБ Банка АД Скопје, дивидендата ќе се исплати на нивните трансакциски сметки во Банката.

За акционерите коишто немаат трансакциска сметка во Банката, исплатата ќе се врши согласно лично доставен пополнет и потпишан образец за инструкции од акционерот во експозитурите на Банката или во Службата за деловно планирање и анализа, Сектор за финансиско управување во централата на Банката. Идентификацијата на акционерите се врши со документ за лична идентификација, лична карта или пасош.

Образецот Инструкции за исплата на дивиденда, за акционерите резиденти, може да се преземе од интернет страната на Банката на следниот линк. Образецот Instruction for dividend payout, за акционерите нерезиденти, може да се преземе од интернет страната на Банката на следниот линк.

Покрај образец за инструкции, акционерот е потребно да достави и копија од картичка за трансакциска сметка од банката во којашто сака да му биде исплатена дивидендата.

Акционерите нерезиденти се должни да достават и копија од пасош со цел обезбедување даночен број од Управата за јавни приходи на Република Македонија.