НЛБ Банка од вторник започнува со исплата на пензиите

НЛБ Банка известува дека согласно добиеното известување од ПИОМ, исплатата на пензиите ќе се изврши на 01.04.2025 (вторник).
На истиот ден, пензионерите ќе можат да ја подигнат својата пензија во експозитурите и на НЛБ Банкоматите.
Од НЛБ Банка ги потсетуваат клиентите дека имаат можност средствата првенствено да ги користат безготовински, за плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство.