НЛБ Банка со две промотивни кампањи и намалување на каматните стапки

9

Во периодот од 15.09.2018 до 31.12.2018 година НЛБ Банка води промотивна кампања за станбени и хипотекарни кредити за физички лица.

Во рамки на кампањата, се воведува Промотивен станбен кредит со најниска каматна стапка од 3,3% фиксна за првите 3 години. Каматната стапка за следните три години е фиксна и изнесува 4%, а каматната стапка за остатокот од периодот е варијабилна и изнесува 5% + шестмесечен Еурибор. Промотивниот станбен кредит ќе се одобрува без трошоци за одобрување и без трошоци за проценка.

Исто така, во промотивниот период, сите хипотекарни и станбени кредити со животно осигурување (ризико полиса), ќе се одобруваат без манипулативни трошоци и без трошоци за проценка. Останатите кредити ќе се одобруваат со 50% пониски манипулативни трошоци.

Покрај оваа промотивна кампања, во периодот од 15.09.2018 до 31.10.2018 година, Банката води промотивна кампања за НЛБ Mastercard кредитните картички за физички лица. Во рамки на кампањата за сите новоиздадени картички во промотивниот период следува бесплатна членарина за првата година на користење. За направени најмалку 10 ПОС трансакции со картичката во периодот од 15.09.2018 до 30.11.2018 година следува уште една година гратис.

Воедно, како резултат на намалување на каматната стапка на благајничките записи, НЛБ Банка изврши намалување на каматните стапки на депозитите за физички лица во МКД од 0,1 до 0,3 процентни поени. Новите каматни стапки се со важност од 15.09.2018 година и се однесуваат на сите постојни и новосклучени договори за депозити. Кај постојните договори за депозити, важечката каматна стапка ќе се аплицира на датумот на реорочување на договорот.