Нокиа мора да премине на Андроид што поскоро

57

nokiaНокиа е пред два предизвика – пазарот на мобилни телефони полека го губи, а Windows телефоните не се доволно етаблирани, па компанијата мора што поскоро да премине на Андроид. Работите не се одвиваат најдобро за оваа финска компанија откако го усвои Windows наместо Андроид. Вредноста на акциите падна за 2,6%, а аналитичарот Пјер Ферагу од Bernstein Research тврди дека и по падот се преценети.

“Нокиа мора да испие горчлива таблета додека се уште може да го направи тоа… Предизвиците што се пред компанијата може да ја чинат многу пари за реструктуирање, за маркетинг, дистрибуција и оперативни загуби, што значи одлуката да премине на Андроид мора да ја донесе што поскоро, а не за неколку години”, вели Ферагу.